Путин изненади: Не сакав да бидам претседател

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој не ја избрал професијата претседател кога тоа му го предложил првиот претседател на Русија Борис Елцин.

„Не ја одбрав професијата претседател“, рече Путин на отворениот час во рамки на Рускиот форум за професионална ориентација „Проекторија“ во Јарослав.

Призна дека првиот одговор му бил НЕ.

- „Јас му реков: ‘Борис Николаевич, не сум подготвен’. А веќе бев големо момче и веќе долго време работев во различни државни структури на власта. Сакам да бидете подготвени за што порано да донесувате важни одлуки во својот живот и ви посакувам успех“, рече претседателот на Русија обраќајќи им се на учениците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега