Момчето што си ја уби бабата неколку пати било пуштано од Бардовци - во домот масакр

Андријано Р. од Драчево, момчето кое си ја уби бабата иго згрози цел регион, неколку пати престојувал во психијатриската болница во Бардовци, а пред две недели бил пуштен од оваа институција, неофицијално дознава „Нетпрес“.

Неофицијалните информации велат дека наводно тој и го одзел животот на старицата во секташки ритуал, односно дека и го прегризал гркланот по што сам се пријави и доби 30 дневен притвор.

За неговото однесување имало повеќе пријави од граѓани, но,изгледа не биле сфатени сериозно неговите испади.

Како што соопштија од ОЈО, момчето и нанело неколку убодни рани со нож, а потоа во пределот на вратот и нанел засецна рана која била пресудна за смртта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега