Ставила сода бикарбона во чевлите и оставила да преноќи - трик кој неверојатно делува

Дали ве мачат дамки на чевли или непријатен мирис на блузи кои никако не можете да ги елиминирате. Прочитајте ги овие трикови за помош и вашата гардероба и чевли ќе бидат како нови. Сето тоа може да го напрвите со работи кои веќе ги имате дома.

1. Дамки на антилоп чевли.

Дамките на антилоп чевли лесно ќе ги отстраните со турпија за нокти.

2. Изгребани лаковани чевли.

Гребнатините на лаковани чевли најлесно ќе ги направите помалку видливи со помош на вазелин, а за дополнителен сјај испрскајте ги со средство за чистење прозорци.

 3. Дамки од вода на кожени чевли.

Нив најлесно ќе ги отстраните со оцет и четка за заби со која полека ќе ги истриете.

4. Патики кои имаат неријатна миризба.

Ако патиките непријатно ви мирисаат, внатре ставете им сода бикарбона која ќе ја впие лошата миризба.

5. Очила за сонце кои се „клатат“

Ако ви се „клатат“ очилата за сонце, намачкајте ги со провиден лак за нокти штрафчињата кои ги држат рамките.

6. Заглавен патент.

На сите ни се случило да ни се заглави патентот. Само малку намачкајте го со вазелин и проблемот е решен.

7. Фармерки кои непријатно мирисаат.

Ставете ги во кеса, па во замрзнувач кој ќе ги извлече бактериите задолжени за непријатен мирис.

8. Дуксер или блуза која лошо мириса.

Само попрскајте ја со вотка и ќе се ослободите од непријатниот мирис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега