Експертите кои подготвија стручен труд за дебатите за уставни амандмани ќе добијат по 20 илјади денари

 Експертите кои подготвија стручен труд што го презентираа на јавните дебати организирани за нацрт-амандманите на Уставот ќе добијат хонорар во висина од 20 илјади денари.

За нив, како што денеска беше соопштено на прес-конференција од страна на владините портпароли, се обезбедени средства.

– Владата обезбеди хонорар за експертите кои подготвија стручен труд во рамки на јавните дебати. Износот на тој хонорар е 20 илјади денари. На оние на кои им нарачавме да достават експертиза, односно стручен труд. Тие добија хонорар, а не сите учесници, појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега