Ново откритие: Титаник не потонал затоа што удрил во санта мраз: Документарец открива поинаква приказна

Титаник можеби можел да избегне страшна судбина, ако сопствениците на компанијата Вајт стар инвестирале во подобри мотори, открива документарецот.

Британскиот патнички брод потонал на 15. април 1912 година, со повеќе од 1.500 патници. Титаник бил на пат од Саутемптон до Њујорк кога удрил во ледена карпа и потонал во Атланскиот океан. Повеќе од 100 години многумина и понатаму расправаат дали за тоа се виновни сопствениците.

Теоретичарите на завера велат дека Титаник бил дел од измама со осигирување откако бродот близнак Олимпик потонал една година претходно.Меѓутоа документарецот „Ароганцијата на Титаник“ открива силни докази дека газдите донеле одлуки да заштедат пари, што можело да влија на поголемите шанси за опстанок на бродот.

Конкурентската компанија инсистирала на вградување на 4 најсовремени турбини, а Вајт стар се определиле за 2 старомодни мотори и една турбина.

Да користеле мотори како и нивните ривали, Кунард бродот би бил побрз пет пати повеќе, што е можеби клучна разлика во избегнување на катастрофата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега