Новогодишната желба на малиот Радован ќе ве растажи: Посака нешто што ниедно друго дете не посакало

Шестгодишниот Радован Кривокапиќ од Никшиќ сонува за подароца кои Дедо Мраз ќе му ги донесе за Нова Година, но на 26. декември му е исто така роденден.

-За роденден најмногу би сакал да добијам торта со Ноди или Штрумфови. А, може и Нинџа желки. И некоја играчка. А за Нова Година би сакала телевизор. Сакам да гледам цртани, но не можам, се расипа телевизорот - вели Радован и додава дека најмногу го сака својот татко и сака кога ќе порасне да стане доктор.

И неговиот татко Ненад Кривокапиќ се надева дека Радован ќе биде лекар, ќе има подобра судбина, дека нема да мора да зависи од помошта на луѓето.

-Мајката на Радован го остави летово и јас морав да ја напуштам работата која ја имав во Тиват за да го чувам, бидејќи не можев да го оставам сам. Сега работам за дневница и додека не почне училиштето е полесно затоа што тој доаѓа со мене. Сега е поголем проблемот. Кога е убав денот останува кај соседот, не доаѓа со мене - вели Ненад кој со синот живее во изнајмена куќа која ја плаќа 40 евра месечно.

И додека Радован седи на бетон и си игра со единствената играчка која ја има, неговиот татко објаснува дека се наоѓаат како знаат и умеат и дека не им треба ни храна, ни облека, ни работа, иако кога ќе види како другите живеат сфаќа дека на нив двајца многу им недостига.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега