Мијалков нуди еден милион евра за да излезе од Шутка

 

Понуда вредна милион евра за да се отворат портите на Шутка за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е во рацете на судијката за претходна постапка.  За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција составена од три недвижни имоти, проценети на вкупно 1.092.000  евра дознава Телма од судски извори.

Од одбраната потврдија дека понудиле гаранции дека нема да бега, но не откриваат ниту каков имот се заложува, ниту дали е само во сопственост на Мијалков, или и на роднини и пријатели како што често знаат да понудат обвинетите во замена за слобода. Одлуката се очекува наредните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2018 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега