Пукање пред Клиничкиот центар во Црна Гора

Триесет и шестгодишниот Мило Вукмановиќ е ранет синоќа на паркингот пред Клиничкиот центар во Подгорица, наведуваат неофицијално тамошните медиуми.

Поради сомнение дека во него испукал два куршуми со пиштол, полицијата трага по 38-годишниот Радован Јанковиќ.

Неофицијално, пишува Курир.рс, Вукмановиќ е погоден во пределот на двете потколеници.

Има две прострелни рани и се наоѓа вон животна опасност.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2018 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега