Незапаметено убиство во регионот: "Го најдовме соседот целиот крвав со ископани очи"

Пензионерот Ѓорѓе Џорѓевиќ од Србија најден е мртов во својот двор, а обдукцијата покажала дека починал од насилна смрт.

Најверојатно 73-годишниот старец  бил убиен уште во четвртокот, со метална шипка, а ударите биле фатални за него. 

Соселанец кој се дружел со него тргнал да го види за да се договорат за колење свиња, а го видел неговиот леш во двор. Се исплашил и викнал полиција, а се јавил и кај пријател.

- Го пронајдовме мртов соседот во двор, ископани му се очите, пријавиле тие во паника.

Полицијата затекнала морбидна глетка, главата му била смачкана, очите извадени, се било со крв, а обдукцијата покажала дека е убиен.

Потрагата по убиецот трае, а мештаните велат вакво нешто толку страшно и грозно не виделе во животот.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега