Шилегов: Заборавивме со кого имавме работа, не ме чуди дека возилото требало да ми биде „дигнато во воздух“

Обвинетиот од настаните од 27 април минатата година, Михаил Младеновски, на денешното судење истакна дека автомобилите на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и универзитетскиот професор, Љубомир Фрчкоски требало да бидат „кренати во воздух“, а Шилегов се огласи за Фокус.

- „Ние изгледа брзо заборавивме со кого си имавме работа до пред некое време. Фашизоидното владеење на ВМРО-ДПМНЕ не натера да живееме во страв. Тоа не се нови информации. Јас и додека бев во раководството на СДСМ ги имав тие закани, кои беа сериозни и фактички. Знаете дека ни доаѓаа пред куќа, ни ги чкртаа домовите. Но, полека се откриваат обвинетите, а со самото бегство на екс-премиерот Никола Груевски, се покажува дека тој знаел што прави“, изјави Шилегов за Фокус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега