Жителите на Кисела Вода вечерва на протест

Жители од Кисела Вода денеска се собраа на протест барајќи дислоцирање на Центарот за зависници. Тие велат дека стравуваат за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца бидејќи во дворот на Центарот за зависници постојано наоѓаат медицински отпад.

Посочуваат и дека зависниците кои го посетуваат Центарот крадат автомобили, а постојано во околина на институцијата наоѓаат и искористени шприцови.

Градоначалникот на општината Филип Темелковски посочи дека се во интензивна комуникација со Министерството за здравство и оти оттаму доставиле предлог за решавање на проблемот.

– Во текот на оваа и наредната недела да се зголеми капацитетот на вработените во болницата со тоа што да се наложи да не се дава терапиите да се примаат надвор од болницата. За три месеци да се почне со намалување на бројот на корисници, а за шест месеци да се заврши со целосната процедура, рече Темелковски, образложувајќи го предлогот од ресорното Министерство.

За граѓаните, шест месеци се долг период. Најавија дека секој ден ќе протестираат до петок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега