Аделина Тахири: „Кога можеше принцот Хари да се венча со Меган Маркл, зошто да не можам јас со Јоже“

Албанската пејачка Аделина Тахири се омажи за познат скопски адвокат. Нивниот брак наиде на многу критики бидејќи станува збор за лица од две различни националности.

Во емисијата „Живот со стил“ таа зборуваше за сопругот и за нивната љубов.

„Јас се заљубив без да сфатам дека сум заљубена, со неговиот разговор, со неговото знаење. Кога седам со него знам да разговарам и за мода, за книги и за се е информиран. Тој знае се да разговара со мене. Знае да даде љубов и да биде маж кога треба“ вели Тахири.

 Според  Аделина љубовта нема граници.

„Го кажувам тоа бидејќи кога можеше принцот Хари да ја земе Меган, а нема никава причина да не бидат заедно, зошто треба да биде причина јас и Јоже да не сме заедно. Меган има црнечка крв, разведена, јавно се бакнувала со други мажи…Еден куп причини кои не ги дозволува кралското семејство. Зошто треба да биде дискутабилно ова меѓу мене и Јоже кое што е сосема нормално“ вели Аделина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега