Унгарската опозиција: Груевски доби азил без согласност од народот

Три унгарски опозициски партии преку отворено писмо бараат експремиерот Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија, пренесува „Макфакс“. Социјалистичката партија, Дијалог за Унгарија и Демократска коалиција велат дека Владата на Орбан треба да е свесна дека не го претставува само унгарскиот народ, туку сите граѓани на Европската Унија.

„Владата на Орбан има ист третман кон сите граѓани кои се проруски ориентирани, без разлика дали се Унгарци или државјани на Евроска Унија, исто како што е проруски-ориентираниот криминалец Никола Груевски. Неприфатиливо е тоа што Никола Груевски доби азил во Унгарија, без согласност од унгарскиот народ“, пишува во писмото од тртите партии.

Тие ја повикуваат Владата на Унгарија да се врати на европскиот пат и да ги почитува европските стандарди, основните вредности на Европската Унија и човековите права.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега