ФОТО: Сообраќајка во Автокоманда - сообраќајот 2 часа е блокиран

Поради сообраќајна несреќа, веќе два часа сообраќајот кај Автокоманда е заглавен. Колона возила, кои се приклучуваат од Ченто и од автопатот, се заглавени и речиси и да не се движат.

Според информации од терен сообраќајката се случила уште пред 7 часот утринава, но и по два часа сликата е иста.

На Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“, граѓаните нервозно коментираат дека е невозможно навреме да стигнат на работа, но и да ги однесат своите деца во училиште или градинка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 09:50
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега