СДСМ се пофали: Владата го намали загадувањето

Владата предводена од СДСМ, заедно со сите надлежни институции активно работи на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, се вели во соопштението на СДСМ.

„Првите подобрувања се видливи и охрабрувачки. Како што јавно обелодени Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2018 година постои намалување на бројот на деновите со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми, споредено со 2016 и 2017 година“ велат од партијата.

СДСМ соопштуваат дека според просекот од сите мерни станици во Македонија, во периодот од први јануари до 30 ноември 2018 година, регистрирани се 88 загадени денови, што е благо намалување во однос на 2016 и 2017 кога бројот на загадени денови бил 99.

„Поединечно по мерни станици, значителен напредок има во Тетово, каде што во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 115, а во оваа 2018 година бројот на загадени денови изнесува 105 денови.

Во Битола, на првата мерна станица, минатата година имало 105 загадени денови, а годинава 65.

Намалување на деновите на загадување има и во другите населени места, како Карпош, Центар и др.

Ова се охрабрувачки резултати што мотивираат во борбата против аерозагадувањето.

Претстои уште работа и затоа, Владата предводена од СДСМ, надлежното министерство, општините и сите останати засегнати институции постојано преземаат мерки за справување со загадениот воздух, со крајна цел, загадувањето за две години да биде намалено за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во цела Македонија“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега