Нови детали за убиството на бизнисменот: Го гледал убиецот директно во очи - извадил оружје и почнал да пука

Белградскиот инвеститор и сопственик на казино, кој завчера беше изрешетан во кафуле на Ѕвездара, се обидел да се одбрани од атентаторите, кои ги забележал на влезот во локалот.

Владимир Поповиќ, нарече Поп, кој завчера е убиен додека со пријателите седел во кафуле, се обидел да го совлада маскираниот убиец кога забележал дека му приоѓа вооружен.

Убиецот испукал неколку проектили од автоматското оружје „хекел“, а што точно се случувало ќе биде познато после истрагата која е во тек.

Според неофицијални информации, пишува српскиот Курир, Поповиќ пред пукањето седел зад шанк кога убиецот бил донесен со автомобил „ауди“.

Излегол маскиран од автомобилот со црвена кеса во рацете. Кога му пришол на Поповиќ од кесата извадил оружје. Пред да почне да пука Поповиќтргнал кон него, но во тој момент оружјето испукало. Убиецот тргнал назад, но Поповиќ излегол по него. Тоа не го спречило убиецот да почне да пука, па некој од проектилите ја погодиле дрвената ограда, која била покрај кафулето. После неколку чекори Поповиќ паднал и подлегнал на повредите.

Во пукањето е рането и 23-годишно момче, гостин во кафулето, кое едно од прокетилите го погодиле во нога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега