Димитров ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО во Брисел

Во периодот од 3 до 5 декември 2018 година, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан.

На состанокот ќе се разгледуваат прашања за напредокот и одржувањето на мисијата Решителна поддршка, како и улогата на Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина наАвганистан и региoнот. На маргините на состанокот се предвидува министерот Димитров да оствари повеќе билатерални средби со негови колеги, со фокус на актуелни прашања поврзани со евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Посетата на Брисел ќе биде искористена и за средби во седиштето на Европската комисија со Федерика Могерини, ВП на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.

Министерот ќе се обрати и пред групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Ханс Ван Бален (АЛДЕ), при што ќе ги брифира европратениците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, како и за напредокот и планираната динамика на натамошните чекори во клучните реформски области.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега