Семејството со запрепастувачки детали за брачниот пар: Светлана исчезнала, а Драган отишол да ја бара

Драган Золнајиќ од Суботица изчезнува на 20. ноември кога му се губи елосен траг, четири дена после пријавеното исчезнување на неговата сопруга Светлана.

Семејството и пријателите веќе една недела, откако најпрво исчезнала Светлана, а потоа и нејзиниот сопруг Драган. Тие двајца живееле сами во семејната куќа во Александрово,. додека нивните 3 полнолетни деца не живеат со нив. Нивната ќерка студира медицина во Нови Сад, едниот син живее во Белград, а додека другиот син работи во Унгарија.

-Драган имаше заостанати долгови и се ни се врти во главата. Она за што ние како семејство се плашиме е дека луѓето на кои Драган им беше должен ја однеле Светлана, а тој заминал да ја бара - вели сестрата на Драган, ННаташа, додавајќи дека полициската истрага ќе утврди што навистина се крие зад нивното исчезнување.

Возилото со кое заминал пронајдено е во Александрово четири дена после неговото исчезнување, на околу 500 метри од неговата куќа, зад детската градинка. На автомобилот била дупната една гума.

Семејството бара помош од секој што можеби има некаква информација за овој брачен пар.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега