Утре Собранието ќе расправа за одземање на имунитетот на Груевски

Утре во Собранието ќе се расправа за одземање на имунитетот на поранешниот премиер Никола Груевски. До Собранието стигнале пет барања за одземање на имунитетот на Груевски кој излегално замина и доби азил во Унгарија, информира „Макфакс“

Неофицијално на утрешната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања не се отфрла можноста да дојде и до дополнување на дневниот ред со нови барања за одземање на имунитетот на Груевски.

Предлогот ако помине на комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието и тој треба да го стави на дневен ред на следната седница. За одземање имунитет на пратеник се потребни 61 пратеник да гласаат „за“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2018 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега