Палента сите јадевме како деца, но дали ги знаевте овие работи

Палента или качамак е јадење што потекнува од северна Италија. Народното име за палента е качамак и отсекогаш се сметало за рурален оброк. 
Многу здрава и вкусна, палента се подготвува многу лесно и може да се конзумира на различни начини во комбинација со различни видови храна.

 

Ова е оброк кој е направен од бел или жолт пченкарен гриз. Пченкарно брашно или гриз имаат многу позитивно влијание врз целото здравје. 
Најважното нешто во врска со ова јадење е дека пченкарно брашно не содржи глутен и може да го консумира секој, без оглед на возраста.

Таа е идеална за мали деца, за луѓе кои се грижат за своите килограми, или за оние кои имаат проблеми со дигестивниот систем.

Состав на палентата и нејзините здравствени придобивки

Овој оброк содржи доволно минерали, хранливи материи и витамини колку што на телото му треба да функционира нормално. 
Палентата има големо влијание за спречување на разни болести, како и на целокупното човеково здравје. Се состои од природните масти, односно „каритеноиди“ а овие здрави масти се одговорни за палентата да биде во можност да се промовира подобро и за подобра функција на цревата. 
Палентата е одлична во елиминирањето на вишокот на тежина, бидејќи тоа, исто така, влијае на добро и здраво варење.

Пченката е одговорна за сите предности на овој вкусен оброк. Веднаш по пченица и ориз, пченка важи и за најважна житна култура во светот. 
Ова е една од најдобрите намирници која човечкото тело се исполнува со долгорочна добра енергија.

Пченкарното брашно содржи голем спектар на хранливи материи. Ова брашно е одличен извор на фолна киселина, витамин Б6, Е и К, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин. 
Таа, исто така може да се пофали и со висока содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение баш на пченката која ја содржи палентата има многу мал број на калории во себе, и затоа е идеална храна за губење на тежината. 
Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници која се препорачува кога детето е во прашање.

100 гр. палента содржи околу 380 калории. Се состои од само природни материјали, така што и нејзините јаглехидрати и липиди се позитивни за човечкото тело. Палентата е одличен избор за бебиња и деца.

Таа е здрав оброк кој ќе го обожаваат, особено ако се комбинира со јогурт или некој зеленчук што децата го сакаат. Уште една од причините зошто овој оброк е идеален за деца е дека палента ја спречува ненадејната загуба на имунитетот.

Намалување на ризикот од рак е една од предностите што на човечкото тело му ја дава палента. 
Научно докажано на универзитет во Америка е дека јадењето палента значително ја намалува појавата на ризикот од оваа сериозна болест. 
Палентата ќе го намали ризикот од рак на дебелото црево, како и појавата на хемороиди.

Зајакнување на клетките на дебелото црево е исто така еден од успесите кој е забележан кај луѓе кои палентата ја вклучиле во своите редовни оброци. 
Во прилог на зајакнувањето, палентата, исто така, ќе дејствува како антиоксиданс на целокупниот организам, не само на цревата.

Го намалува холестеролот, благодарение на добрите масти кои ги содржи, како и влакна и сложени јаглехидрати. 
Затоа, од тие причини, палентата ќе ја спречи појавата на вишокот тежина. Потрошувачката на овој здрав оброк носи бенефиции кога се во прашање здравјето на срцето и циркулацијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега