Ни куршум не можел да го запре: Младоженец се појави со куршум во рамо на својата свадба

Дека љубовта не може ништо да ја запре, па ни куршум, докажа младоженец од Индија.

Тој е погоден во рамо на патот до венчавката, но одлучил само да ја превие раната и да побрза да го изговори судбоносното „да“.

Дваесет и пет годишниот Бадал и неговата вереница се само еден од многубројните парови кои овие денови се венчале во Индија.

Младоженецот бил во кочијата заедно со своите роднини кои танцувале околу него. На околу 400 метри одалеченост од церемонијата, во јужен Делхи, двајца непознати мажи се качиле и пукале во него.

Веднаш бил однесен во блиската болница каде го превиле, бидејќи не можеле на лице место да го извадат куршумот, затоа што за тоа е потребен комплициран зафат. После 3 часа терапија, Бадал со куршум во рамо. стигнал на својата свадба.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега