Ангелеска: Груевски е под политички прогон

Судењето на Груевски е монтиран политички случај којшто СДСМ, преку Специјалното јавно обвинителство го води против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече Силвана Ангелеска претставник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Патот кон…“, што вечерва се емитува на Алсат.

„Ние тврдиме дека ова е политички прогон, дека навистина делото за коешто се товареше Никола Груевски и дел од неговите соработници е монтиран политички случај, СЈО ја игра играта на политичката намера на СДСМ, да ги гони поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ за дела за кои и другите земји се изјаснија дека немаат логика“, рече Ангелеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега