Таа има плата од 4.200 евра, но и јак желудник - иде по домови, па заработува на бизарен начин

Мију Коџим од Јапонија има многу необична работа, оваа 24-годишна девојка работи за компанијата Ту Ду, која се занимава со листење на домовите на починатите лица.

Нивната, така наречена „осамена смрт“ се нарекува „кодокуши“ на јапонски јазик, пренесува Ал Џазира. Станува збор за се почест феномен во Јапонија, кој е застапен кај постарата популација. Мију е единствена жена и најмлада вработена во оваа компанија.

„Главно чистам станови и куќи во кои се случува „осамена смрт“, а исто така организирам и погреби на починатите“, вели Коџима, која со оваа работа се замнимава веќе две години.

Младата Јпонка вели дека со своите колеги има состанок секое утро и дека тогаш дискутираат за тоа што ќе се работи тој ден.

Потоа одат на зададената локација, околу 6 лица. Со работа завршуваат околу 15 часот, а на секое чистење заработуваат помеѓу 2.500 и 4.200 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега