АМСМ со важна информација - внимавајте на овие патишта, намалена видливост и магла вечерва

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат во попладневното соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека намалена видливост од 50 до 60 метри поради магла има на планискиот премин Стража.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде  што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ ги потсетува возачите дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега