Се запали „пежо 307”, возачот бил внатре

Се запали „пежо 307” во движење попладнево во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица го потврдија настанот за МИА.

Во возилото во моментот на пожарот бил само средновечниот возач, кој за среќа не е повреден.

-Станува збор за возило со кавадаречки регистарски ознаки. На почетокот граѓани се обиделе самите да го изгаснат пожарот, а ја повикале и противпожарната единица. Наша екипа од тројца пожарникари и едно противпожарно возило веднаш по дојавата пристигна на самото место и интервенираше, по што пожарот беше изгаснат, појаснија од противпожарната служба.

Се утврдуваат причините за пожарот и направената материјална штета. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега