Здравствена заштита, вработување, гласање на избори - какви бенефити ужива Груевски во Унгарија

Поранешниот премиер Никола Груевски, по добивањето азил од Унгарија, може слободно да шета на улиците во Будимпешта. Законот за азилот, кој ги утврдува правата и обврските на бегалците, предвидува Груевски да добие документ за лична идентификација, но и двојазичен патен документ со кој ќе може да патува во која било земја што ќе му дозволи влез, објави „Макфакс“. Унгарската легислатива за азил не дозволува бегалците да се враќаат во земјата од која мигрирале, односно ако Груевски не смее да влезе на македонска територија.

Тој ќе ги ужива истите права како унгарските државјани.

Право на здравствена заштита, вработување, гласање на избори за градоначалници и локални референдуми се дел од бенефитите што ќе ги ужива експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Тој со добивањето на статусот на азилант, ќе мора да оди на медицински прегледи, испитувања, лекарски третмани, да прима вакцини пропишани со Законот за јавното здравство, но и да соработува со Канцеларијата за имиграции и азил. Тој нема да добива ниту финансиска поддршка од Унгарија, што значи дека ќе мора да работи или да најде друг начин за да ги плаќа тековните трошоци што ги има во земјата каде што сега живее.

По три години непрекинат престој во Унгарија, Груевски ќе може да биде и нејзин државјанин. Овој статус ќе може да го добие ако против него нема постапки што се водат во унгарскиот суд, а истовремено да нема ниту криминално досие во Унгарија. Вториот услов е тој да поседува средства и место за живење, а неговата натурализација да не се смета за закана против јавната политика или национална безбедност на Унгарија. Груевски ќе треба да има основно познавање и на унгарскиот јазик и тоа да го докаже на испит, освен ако овој услов не биде изземен со посебен акт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега