Го ставила телефонот да се полни - смартфон усмрти тинејџерка

Седумнаесетгодишно девојче го изгуби животот со електричен удар во францускиот град Кале, откако нејзиниот мобилен телефон поврзан со полначот случајно паднал во кадата во која што се капела.

Нејзината мајка ја пронашла во несвесна состојба во тоалет и побарала прва помош, но било предоцна за девојчето.

Лекарите веруваат дека таа веднаш доживеала срцев удар од струјниот удар низ нејзиното тело.

Според она што е познато, 17-годишниот се обидела да провери нешто на својот мобилен телефон додека била во кадата. Мобилниот, сепак, бил поврзан со стар полнач со неизолиран кабел, што е крајно опасно при секој контакт со вода.

За точните причини за смртта се врши аутопсија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега