Верувале или не: Шилегов го кандидирал Скопје за најзелен град во Европа

Градот Скопје се кандидирал за „Зелена престолнина на Европа 2021“ (European Green Capital).

На овој конкурс се пријавиле уште осум градови од европски земји:  Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).

Добитник на наградата за „Зелена престолнина на Европа 2020“ е Лисабон.

Оваа европска награда се доделува веќе 11 години и тоа на европски град што е со над 100.000 жители и којшто се покажал како лидер во животната, социјална и економска одржливост.

Од друга страна, нашиот главен град, апликант за оваа награда, е далеку од лидер во животната средина, но, секако убедливо може да се кандидира и тоа во светска конкуренција, за најзагадена метропола. Тука сме дефинитивно лидери.

Од Градот Скопје, не добивме коментар за оваа нивна амбициозна oдлука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега