Драма во болница - пациентите заклучени, хеликоптер ја надлетува зградата

Комплетната медицинска екипа, како и пациентите, биле денеска заклучени во Алиса болницата во Шкотска, откако пациент избодел медицинска сестра.

Пациентите и екипажот имале наредба да останат во своитње соби, а за тоа време полициски хеликоптер кружел над болницата.

Медицинската сестра била нападната во приземјето од болницата околу 10 часот утринава и веднаш ѝ била укажана медицинска помош.

Додека полицијата го бркала напаѓачот, кој бил на третман поради зависност од дрога, никој не смеел да ја напушти болницата.

Нападната сестра е во критична состојба. Меѓутоа, нешто подоцна премиерката на Шкотска, Стергеон соопштила дека медицинската сестра не е животно загрозена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега