Скандал ја тресе Британија: Нов проблем во кралското семејство и тоа поради Меган

Ноќна мора преживуваат членовите на британското кралско семејство откако дознале дека американските службени власти се обидуваат да зграбат дел од повеќемилионскиот колач кој изминатава година го заработија Меган и принцот Хари.

Имено, со оглед на тоа дека војвотката е се уште  службено американска државјанка, тоа значи дека е должна да плати порез во Америка, а приходите може да се прошират на сите од кои добивала пари, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг.

Сето тоа би можело и тоа како да ги ицрпи нејзините 5 милиони долари, колку заработила упште во Америка како и главниот извор на приходи, принцот Хари - 300 илјади фунти годишно, колку што добива од фондацијата, а за која порез плаќа Велика Британија.

Значи, доколку службено не стане Британка, Меган ќе мора секоја година да пријавува данок во Америка.

Последна пријава на данок имала на 17. април, а сега би морала да приојави се што добила во брак - освен заедничките приходи. Меган ќе мора на проценка да ги даде недвижнините во кои живее со Хари, а единствен начин да го избегне тоа е сама да плаќа станарина.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега