Србија и Косово на раб на војна - специјалци се движат кон границата

Србија повторно  го повика Косово да ја повлече вчера донесената одлука  за зголемување  на давачките за стока од Србија. Со вакво однесување Приштина нема да постигне ништо , бидејќи одлуката ќе ги погоди сите кои живеат во Косово порача Вучиќ.

-Јас ги замолувам властите на Приштина да ја повлечат одлуката. Свесни сме колку вие сакате независност на Косово , но иста така треба да знаете дека вакви потези не се потребни, туку е потребен дијалог, истакна Вучиќ.

Но косовскиот   премиер Харадинај смета поинаку. Пред пратениците порача дека само со санкционирање Србија ќе го признае Косово. Економската војна помеѓу  Косово и Србија предизвика и воени тензии. Српскиот Претседател  обелодени дека косовски  специјалци   се движат кон северот на Косово , но нема информација  која е нивната цел. Вучиќ ги повика косовските Срби на смиреност и истакна дека Белград будно ја следи ситуацијата.

-         

Можно е да одат во контрола на езерото за да покажуваат мускули  или да го контролираат зелениот појас на север, за да спречат било каков увоз на стока.

 Причина  за дополнително влошување на и онака лошите односите помеѓу Белград и Приштина е неуспехот на Косово да стане дел од Интерпол поради како што изјавија косовските власти дивата кампања која ја водела  Србија

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега