Ова секоја жена треба да го знае: Како точно да пресметате кога ви се плодните денови - не е тешко

Доколку се обидувате да забремените, многу е важно да ги препознавате плодните денови. Прв и основен показател е месечниот циклус. Доколку вашиот менструален циклус е редовен, 14 дена после првото крварење жената влегува во таканаречените плодни денови.

Плодните денови обично траат повеќе денови, а како ориентационена рамка се земаат 12. и 15. ден од почетокот на менструацијата. Ако сметате од првиот ден на менструацијата, под претпоставка дека имате уреден циклус од 28 дена, плодни денови ви се 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17. Со тоа што 13, 14 и 15 ден се најплодни.

Ако жената има уреден менструален циклус (период од првиот ден од една менструација до првиот ден на следната) со траење од 26 до 34 денови, тогаш плодните денови може да ги пресметаме на следниот начин:

-од најкраткиот забележан циклус се одбиваат 18 за да се добие првиот плоден циклус. Од најдолгиот циклус се одбиваат 11 за да се добие последниот плоден ден од циклусот. Во правилниот 28-дневен циклус плодни денови се од 10-тиот до 17-тиот.

28 – 18 = 10 ден (почеток на плодните денови)

28 – 11 = 17 ден (завршување на плодните денови)

Друг пример: жената има циклуси од 28 до 32 денови. Така 28 – 18 = 10, 32 – 11 = 21 и плодните денови значи теориски се од 10 до 21 ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега