ВИДЕО: Ден после страшното невреме - се што човек создавал 50 години е уништено за 15 минути
Ситуацијата во Бока Которска е нормализирана после вчерашното невреме кое предизвика поплави бо Херцег Нови.
„Катастрофа. Се што човек создавал 50 години е уништено за 15 минути. Тотална штета, не знам што да ви кажам“, рекол Бранислав Ивановиќ, од Херцег Нови.
Во тој град наврнало 250 литри дожд по метар квадратен, а нешто слично, велат граѓаните не паметат од 1982 година.
Службите на комуналната полиција и заштита и спасување добиле повеќе од 400 повици за помош и имале 69 интервенции во изминатите 24 часа.
Од Комуналната полиција велат дека е добро што нема жртви ниту повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа