СЈО поднесе обвинение против ВМРО-ДПМНЕ: Склучиле многу поволен договор за партиското седиште

СЈО поднесе две обвиненија за случајот Талир. Обвинителството на Јанева бара судот да ги прогласи за виновни екс премиерот Груевски, притворените Јанакиески и Божиновски, пратеникот Илија Димовски и уште 2 лица за наводно незаконско финансирање на партијата и неправилности при изградба на партиското седиште во Скопје.

Според СЈО во периодот од 2009 до 2015 година, Груевски обезбедувал средства од анонимни и како што се вели во соопштението противправни извори а Јанакиески и Божиновски наводно вршеле притисок врз фирми кои добивале тендери од државата да донираат на сметката на партијата. Според обвинителите на Јанева, на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со противправна имотна корист од 4,6 милиони евра, средства кои потоа како што тврди обвинителството, пратеникот Илија Димовски и екс директорката на пазарната инспекција Елизабета Чингаровска организирале средствата преку уплатници да биде уплаќани на сметката на партијата.

Второто обвинение се однесува на изградбата на партиското седиште во центарот на Скопје. Според СЈО, ВМРО-ДПМНЕ склучила премногу добар договор со градежната компанија БЕТОН, при тоа користејќи ја позицијата на компанијата која 75% од своите приходи ги инкасирала од изведување градежни работи на државни проекти. Обвинителството на Јанева смета дека на овој начин, сегашната најголема опозициска партија стекнала имотна корист од над 8,2 милиони евра.
И во двете обвиненија СЈО бара против само за Груевски и одземање на пасошот на Чингароска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега