Дураки жали за изјавата вчера на Сител (ВИДЕО)

Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните.
Во таа насока, Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет, реагираат од Владата по вчерашната изјава на министерот за животна средина Садула Дураку, во која рече дека Макеоднија не е Швајцарија за да може да се справи со аерозагадувањето.

Од владат соопштуваа дека ја дефинирале борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет.

Според министерството Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцирал Програмата за справување со аерозагадувањето и укажал дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија.

За неговата изјава за најавената тужба  до државата од граѓаните, во која рече дека не се занимава со нив, од министерството велат.

Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и  што тоа предизвика реакции во јавноста.

Вчера министерот Дураку за прв пат од како е дојден на функцијата пред камерата на Сител одговори на актулените прашања за загадувањето.

Инаку, за стратегијата на Владата се наменети 1.5 милион евра а истата ќе се реализира во наредните две години. Дополнително во буџетот за 2019 година само 0.6 проценти се издвоени за животна средина на што граѓанските здруженија, еко активисти и други невладини организации остро реагираат. Најавија дури и бојкот на настават6а поради згадувањето на амбиенталниот воздух.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега