Мета се прошета низ Старата скопска чаршија

Албанскиот претседател Илир Мета денеска престојува во посета на Македонија, по повод Денот на албанската азбука.

Заедно со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и лидерот на ДУИ Али Ахмети прошета низ Старата скопска чаршија и со своите домаќини се задржа пред мозаикот на плоштадот Скендербег, пренесе Нова Македонија.

Претседателот Мета, заедно со неговата делегација, претходно се сретна со премиерот Зоран Заев, при што изразил благодарност за поддршката на највисоко државно ниво што Република Македонија ја посветува на празникот Ден на албанската азбука, како настан од исклучително значење во историјата на Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега