Откриен нелегален мобилен оператор во стан на скопјанец - „ќарил" милион денари

Кривична пријава против 28-годишен скопјанец е поднесена поради основано сомнение дека сторил кривично дело „компјутерска измама“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на 8 овој месец со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што е пронајдена активна SIMBOX телекомуникациска опрема која што е  одземена.

Скопјанецот С.Н. ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари во периодот од 3 август до 9 ноември. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега