Прегазена жена во Скопје

Во 07,30 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Кемал Сејфула“ патничко моторно возило „Мерцедес вито“ со скопски регистерски таблици управувано од 48-годишниот Ј.Б.  од селото Грчец-скопско удрило во пешак.

Се работи за 73-годишната Ж.Ш. од Скопје. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.        

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега