Хан: Не е реален истовремен влез во ЕУ за земјите од Западен Балкан

Проширувањето на Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската унија (ЕУ), а секоја држава ќе се третира одделно, според постигнувањата, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Виена.

Тој по средбата со лидерите од Западен Балкан истакна дека не е реален истовремен влез во ЕУ на земјите од Западен Балкан, но и дека сите шест земји имаат европска перспектива.

 Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан организиран од канцеларот на Австрија Себастијан Курц, а на кој Македонија ја претставува вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев.

Курц на прес-конференција изјави дека, до крајот на претседавањето со ЕУ Австрија, кога станува збор за прашањето за земјите од Западен Балкан, фокусот го става на има три точки или , патот на регионот кон ЕУ, неопходната регионална соработка и решавање на билатералните конфликти во регионот.

 

 

 

 

19.11.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега