Сообраќајка на патот Тополчани-Клепач: Жена заврши во болница

 

Вчера во 09:05 часот на патот село Тополчани-село Клепач, прилепско, 60-годишниот Љ.Л. од село Злести, општина Дебарца, управувајќи патничко возило „Цитроен Ц3“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 55-годишната З.Л. од Охрид. Таа била пренесена во Градска болница Битола каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

 

 

 

19.11.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега