Груевски половина година ќе зема за 5% помала плата

Никола Груевски повеќе нема да се води како оправдано отсутен од собраниските седници. Неговата плата  ќе се намалува за пет отсто на секои три отсуства од пленарните седници. Ова го заклучиле координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието кои учествуваа на денешната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери претседателите  на пратеничките групи одлучиле следните шест месеци на Груевски да му се крати по 5% од платата или по 3.000 денари пропишано според Деловникот за неоправдано отсуство подолго од три дена.

На средбата било договорено по изминувањето на шестте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.

 

 

 

14.11.2018 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега