Албанска новинарка му пришла на Вучиќ и му поставила неозгодно прашање - тој брутално ѝ одговорил

Србија и Косово не успеаја во четвортокот во најновиот обид да се доближат до постигнување на договор за нормализирање на односот кој го бара Европската Унија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ после разговорот со косовскиот претседател Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, изјавил дека дијалогот со Косово ќе продолжи кога Приштина „ќе ги повлече своите противправни одлуки“.

На прашањето дали во евенжтуалната спогодба Белград и Приштина меѓусебно ќе се признаат како што вели Тачи, претседателот на Србија рекол:

„И што уште треба да ви обезбедиме, а ние да не добиеме ништо. Дали има уште некоја желба“, пишува Танјуг.

Албанска новинарка му поставила и прашање поврзано со убиството на Оливер Ивановиќ, на што претседателот на Србија одговорил:

„Косовската полиција е во потполност задолжена, 100 отсто, за истрагата на убиството на Оливер Ивановиќ. Дали е тоа вистина или не е?“.

Новинарката одговорила дека не е, на што Вучиќ додал: „За жал, вистина е. Добро е ако сметате дека сум во право, тоа значи дека косовската полиција нема компетенција ниту овластување во Косовска Митровица. Ви честитам на тоа и многу сум среќен што тоа го слушам. Ние ќе се погрижиме за тој случај. Ви благодарам што кажавте. Тоа за мене е многу важно“, одговорил тој.

 

 

 

09.11.2018 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега