Димовски: Надолната корекција на проекцијата на БДП од 3,2 на 2,8 е само резултат на неработењето на Владата

Пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниската расправа за ребалансот на буџетот кажа дека надолната корекција на проекцијата на БДП од 3,2 на 2,8 е само резултат на незнаењето и неработењето на Владата.

-Сметам дека ниту оваа проекција од 2,8 %раст на БДП нема да успеете да ја остварите. Ова значи дека проектирате буџет кој што нема да биде остварен. Попатно да споменам дека Европската Комисија прави проекција за растот на македонската економија од 2,1 %, а претходно ММФ направи проекција за раст на БДП за 2018 од 1,6 %, рече Димовски.

Тој истакна дека ваквата состојба во економијата воглавно се должи на лошата економска политика на Владата.

 

 

 

09.11.2018 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега