Исчистете го телото од отрови: Користете една од овие намирници и црниот дроб ќе ви биде благодарен

Црниот дроб уште се нарекува „лабараторија на организмот“! Има важна функција за нашето здравје, а проблемите поврзани со него се дијагностицираат потешко бидејќи не боли

Добрата вест е што црниот дроб има способност да се регенерира и скоро секоја штета може да се поправи. Во продолжение следи листата на корисни намирници за здрав црн дроб.

Лук

Лукот го поттикнува создавањето на ензимите кои помагаат во исфрлањето на токсините.

Цвекло и моркови

Тие се богати со флавоноиди и бета каротен, што ја стимулира и подобрува работата на црниот дроб.

Зелен чај

Зелениот чај во својот состав содржи катехин, кој е силен антиоксиданс и помага за чистење на организмот. Во оваа насока имаме да ви предложиме еден наш рецепт за ладен чај кој го подготвивме неодамна баш со намера за детоксикација, за забрзување на метаболизмот и за слабеење. За да сме сигурни во неговото дејство, избравме да го подготвивме со чајот на Slim Line Club, чија ефикасност и состав ни се проверени. Slim Line Tea ги елиминира масните наслаги и токсините, а ако сакате да дознаете подетално за неговата корист или да го нарачате кликнете тука. Ако сакате да се освежите и воедно да направите нешто добро за своето здравје, повелете линк од рецептот за домашниот ладен чај за забрзување на метаболизмот, слабеење и полесно исфрлање на токсините.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќот, кељот, блитвата и зелените салати се полни со хлорофил, кој е многу делотворен во неутрализација и исфрлање на токсините од крвниот систем.

 

 

 

 

09.11.2018 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега