Хан на “Твитер” откри дека Тодоров и Богојески гласале “За” промена на името

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, преку еден од своите твитови откри нови детали за македонската јавност, дека Никола Тодоров, кој велеше дека ќе го поништел гласачкото ливче, всушност гласал “За” на референдумот за промена на името.

- „Добра средба со македонските колеги Петар Богојески, Емилија Александрова, Никола Тодоров на самитот на ЕПП. Ја поздравувам нивната храброст за гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат за ЕУ агендата, која ја сака поголемиот дел од граѓанита“, напиша Хан на Твитер.

 

 

 

09.11.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега