Димитров за Тагесшпигел: Македонија во 2019-та ќе ги отпочне преговорите

Следната, 2019 година, треба да донесе почеток на преговорите за членство во ЕУ на Македонија, вели министерот Димитров во интервју за денешното издание на весникот Тагесшпигел.
„Во поглед на нашите постигнувања, сакаме да го направиме невозможно евентуалното непостигнување консензус меѓу земјите-членки на ЕУ за почеток на преговорите за членство“, вели Димитров.

„Нашата крајна цел не е да се приклучиме кон ЕУ колку да станеме членови, туку да го искористиме пристапниот процес за да се европеизираме", рече Димитров.

Земјите-членки на ЕУ ќе одлучат следниот јуни дали ќе се започнат разговори за пристап со Македонија и Албанија. Комисијата на ЕУ е посветена на понатамошно стабилизирање на Западен Балкан и борба против растечкото влијание на Русија, Турција и Кина во регионот. ЕУ преговара за пристапување со Србија и Црна Гора уште од почетокот на деценијата.

Димитров во интервју за Тагесшпигел наведе дека Македонија нижи успеси во надминувањето на деценсикиот спор за името со Грција.

Димитров е убеден дека нема да изостане поддршката на опозицијата и во следните гласања во парламентот, кога повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство за имплементација на Преспанскиот договор и измени на Уставот.

„Во редовите на опозицијата, постојат и поддржувачи и противници на уставните промени“, рече тој.

 

 

 

08.11.2018 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега