Бизарна несреќа во Македонија: Машина повлече работник

Околу 09.00 часот пријавено е дека во ДПТУ „Брако“ - погон клинчара, додека 41-годишниот Ѓ.Д. од Велес работел на машина за обработка на жица истиот бил повлечен од машината, по што машината автоматски престанала со работа.

Ѓ.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница - Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

 

 

08.11.2018 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега