Пукање во Сарај

Во 11.54 часот во Полициската станица Сарај, И.З. пријавил дека во село Ласкарци, општина Сарај, С.М. од село Ласкарци со пиштол му упатил закани по неговиот живот.

По преземени мерки, било констатирано дека при вербална расправија помеѓу И.З. и Д.Р. од село Бојане, скопско и Џ.А. од село Мала Речица,тетовско, поради ископ на песок од река на парцела во сопственост на И.З. пристигнал С.М. и физички ги нападнал И.З., Д.Р. и Џ.А..

Притоа, пристигнал и А.Ј. од село Грчец, другар на С.М., и со пиштол испукал неколку куршуми во воздух и неколку куршуми кон И.З., Д.Р. и Џ.А., но не ги погодил.

После тоа, А.Ј.и С.М. побегнале од местото, избегале во непознат правец, а И.З., Д.Р. и Џ.А. побарале помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

08.11.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега