Се огласи невестата бегалка: Свекорот ме навреди, а потегот на млаоженецот посебно ме заболе

После „пропадната“ свадба во Градачица во БиХ, се огласи и невестата бегалка Елда Мујчин.

Таа за босанските медиуми ја раскажала својата верзија за фијаското за кое зборува цел регион, а според кое младоженецето Един Хуселјиќ е тој кој се обидел да го искористи нивното неродено дете за да земе пари.

Првобитно, медиумите објавиле дека дошло до кавга меѓу младоженците на самата свадба и тоа поради поделба на парите кои гостите ѝ ги давале на невестата, која според обичаите на сите им служи кафе. Невестата наводно сакала сите пари да ѝ припаднат на неа, а се појавила дури и цифра од 2000 евра. Елда сето тоа го демантирала и го нарекла смешно и додала дека никој не ја прашал за коментар.

-Мене воопшто не ме контактираа ниту прашаа за вистината, а вистината е следна: Јас никакви пари немам земено, ниту се обидев да земам, јас ги немам видено тие пари, бидејќи како што знаете после кафетопоминува кумата и уште една девојка со послужавник и парите таму се ставаат.. Кога ќе се подели кафето, тогаш се собираат парите.Таму бевме младоженецот, кумата и јас, за потоа да дојде таткото на мнладоженецеот и да ги собере парите Јас се налутив, бидејќи целата свадба всушност ја испланираа мојот свекор и неговата сопруга, мене не ми дозволија ниту мојата свадба да ја испланирам, после што веднаш излегов и ја удрив вратата. Потоа се вратив назад во ресторанот и седнав. Што значи ако сум ги украла парите, не би се вратила повторно на свадбата - рекла Елдина за Српскаинфо.рс

-Јас завршив во болница бремемна, за младоженецот да се врати на свадбата да пие со изговор „што можам јас тука“. Подигнав и кредит за што имам доказ и го средив спратот во кој требаше да живееме заедно, но тој тоа го искористи и ме шутна. Сега се ќе оди преку суд, јас да сум виновна не би го тужела -рекла Елда.

 

 

 

31.10.2018 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега