Османи прв ќе лета со обновената авионска линија Скопје-Атина

Вицепремиерот, Бујар Османи, утре патува во Атина на средба со грчкиот министер за европски прашања, а за средбата прв ќе лета на обновената авинска линија меѓу Скопје и Атина.

-Тоа што прв ќе летам на оваа релација е уште една симболика дека односите се затоплуваат, дека стратешкото партнерство ќе почне да функционира и соработката да се зголемува. Грција станува нов стратешки партнер на Македонија и со грчкиот министер ќе разговараме за поддршката на Грција во евроинтегративниот пат на Македонија. Ова е турбулентен период, и во Македонија и во Грција, но процесот за имплементација на Договорот во двете земји не е загрозен и покрај дневните политички турбуленции. Веќе утре ќе потврдиме дека Балканот добива две држави со силни и блиски релации, рече Османи.

 

 

 

31.10.2018 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега